четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН НИКОЈ НЕ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ТОЛКУ БЛИЗУ ДО МЕСЕЧИНАТА: Астронаутите на „Артемис II“...

НИКОЈ НЕ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ТОЛКУ БЛИЗУ ДО МЕСЕЧИНАТА: Астронаутите на „Артемис II“ влегуваат во гравитационото поле на Месечината

106
EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Четири астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА влегоа во доменот на гравитационото поле на Месечината, каде што нејзината гравитација има посилен ефект врз вселенското летало отколку на Земјата, соопшти НАСА.

Преминувањето се случи четири дена, шест часа и две минути по почетокот на мисијата, на растојание од околу 62.800 километри од Месечината и 373.400 километри од Земјата.

Следната клучна фаза ќе биде поминување зад Месечината, што ќе ги однесе астронаутите подалеку во вселената од кога било досега, пишува Би-Би-Си.

„Нашиот тим е подготвен за првото приближување кон Месечината по повеќе од 50 години“, изјави Лори Глејз од НАСА.

Последната таква мисија беше Аполо 17 во 1972 година.

За разлика од летовите на Аполо, кои поминаа 70 милји над површината, Артемис II ќе се приближи на околу 6.400 километри, што ќе овозможи набљудувања на целата лунарна сфера, вклучувајќи ги и поларните региони. За време на шестчасовното поминување, астронаутите ќе ја набљудуваат Месечината со голо око и камери, а се очекува прекин на комуникацијата од 40 минути кога вселенското летало ќе биде зад Месечината.

Во екипажот се Американците Кристина Кох, Рид Вајсман и Виктор Гловер, како и Канаѓанецот Џереми Хансен. НАСА ја објави и првата фотографија направена од астронаутите, на која јасно се гледа далечната Месечина со кратерот Ориентале, познат како „Големиот Кањон на Месечината“.

Вселенското летало Орион моментално е оддалечено околу 346.000 километри од Земјата и 65.000 километри од Месечината. Астронаутите ги тестираа своите одела за преживување и спроведоа тест со рачна контрола. НАСА очекува дека за време на поминувањето околу Месечината екипажот да го сруши рекордот за најголемо растојание од Земјата некогаш постигнато од луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA Artemis (@nasaartemis)

ИЗДВОЕНИ