четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен Македонец на Прешево: Шверцувал електронски цигари вредни над 11.000 евра

Уапсен Македонец на Прешево: Шверцувал електронски цигари вредни над 11.000 евра

51

Припадници на српското МВР, по налог на Основното јавно обвинителство во Врање, приведоа 31-годишен македонски државјанин кај кој била пронајдена поголема количина на електронски цигари без соодветна документација. Вредноста на запленетата стока се проценува на околу 1,3 милиони српски динари (над 11.000 евра).

Акцијата била спроведена во Прешево, каде полицијата го сопрела возилото со кое управувал осомничениот.

„Полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари ‘вејп’ од различни марки во багажниот простор на патничкото моторно возило управувано од осомничениот Х.К. (31). Стоката ја превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија“, соопшти српското МВР.

Македонскиот државјанин е осомничен за кривично дело „нелегална продажба на акцизни стоки“ и против него е поведена соодветна постапка пред надлежните органи во Врање.

ИЗДВОЕНИ