Во близина на трговскиот центар „Капитол мол“ се создава ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.
Од Општина Аеродром информираат дека во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити што ќе донесат радост за најмладите.
– Просторот се збогатува и со фитнес-справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), канти за отпадоци, како и целосно партерно и хортикултурно уредување, со што создаваме пријатна и уредена околина за одмор и за дружење на сите генерации – соопштија општинските власти.












