Тендерот што по вторпат го распиша Министерството за транспорт, за набавка на 150 електрични автобуси, е завршен.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, во телевизиско гостување информираше дека засега има четири понуди, но оти согласно со законот, ќе мора да се почека дали ќе стигне нешто по пошта и веднаш по завршувањето на велигденските празници, ќе се разгледуваат понудите.
Воедно, тој нагласи дека доколку успешно заврши тендерската постапка и се избере најповолната понуда, првите 30 автобуси би требало да стигнат до септември.
Тендерот предвидува набавка на вкупно 150 електрични автобуси, од кои 100 се наменети за Скопје, а другите за другите општини во државава.












