Околку 200 килограми цреши од врвна сорта во вредност од приближно милион јени (околу 6.900 евра) се украдени од овоштарник на североистокот на Јапонија, соопшти полицијата на префектрурата Јамагата.
Од 67 стебла цреши во овоштарник во Каминојама, во префектурата Јамагата, според наводите на полицијата, само стеблата од популарната сорта „сато нишики“ кои биле околу 50, се целосно обрани, пренесува „Кјодо“.
Сопственикот на овоштарникот го забележал грабежот во неделата околу пет часот изутрината, а полицијата ја повикал подоцна истото попладне.
Изјавил дека не забележал ништо кога последен пат ги проверувал стеблата во петокот околу попладне.
Префектурата Јамагата е најголем производител на цреши во Јапонија, но минатата година е забележана рекордно лоша берба поради ектремните горештини.
Ова овошје обично се подарува и често се служи во врвни ресторани.
ИЗДВОЕНИ

Од утре ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола

Алта ја пикираат две домашни банки, кој ќе ја преземе?

Криминалната мрежа мамела граѓани во најмалку 50 држави, а осомничени кол-центри биле идентификувани и во Македонија

По Груби и Перпарим Бајрами излегува од затвор со гаранција








