Во Блед, Словенија, во крајбрежната зона помеѓу Грајско капалиште и Гранд хотел Топлице, дел од брегот е означен како зона што не е наменета за пливање или лежење, иако многу туристи ја користат за релаксација во сенка, за што плаќаат казни до 200 евра!
Општинските служби ги засилија контролите, а на посетителите им се препорачува да ги користат уредените места за одмор на Стража, каде што има лежалки и дополнителни содржини, беше објавено на официјалната Фејсбук страница „Medobčinski inšpektorat in redarstvo Bled, Bohinj in Železniki“.
Овие мерки предизвикаа лавина од негативни реакции од туристите, како и од корисниците на социјалните мрежи.
– „Мајко, што направи денес на работа? „Ништо, му напишав казна од 200 евра на човек затоа што седел во сенка под дрво“… „Леле, колку си бесрамна, навистина… според мене, ова е кршење на човековите права. Какви казни, какви правила, за тоа ли сме родени?!“… „Би разбрала во нормални денови, но во оваа жештина ги малтретирате луѓето што бараат парче сенка? Потоа ќе се изненадите кога некој чувар ќе заврши во итната помош“… „Дали воопшто е дозволено да се дише во Блед? Ако чувар ме малтретираше затоа што седев во сенка, би го турнал директно во езерото“ – беа само дел од коментарите на огорчените корисници!
Локалните власти велат дека овие мерки ја штитат природата, спречуваат ерозија на крајбрежјето и одржуваат ред во една од најпосетуваните туристички области.












