Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во јули, разговарал за три можни пристапи кон Иран – дипломатија, воена акција и заострување на „опсадата“ на Техеран – и дека му ја препорачал третата опција на Трамп.
„Разговарав со претседателот Трамп пред неколку недели во Белата куќа, во Овалната соба. Разговаравме за три опции“, рече Нетанјаху во видео објавено од неговата канцеларија, на кое се гледа како зборува на хебрејски на настан во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.
Според него, првата опција била дипломатија, но изразил сомнежи дека може да се постигне „добар договор“ со Техеран.












