четврток, октомври 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нема знаци на хакерски напад: Владините веб-страници заштитени од безбедносните пропусти во...

Нема знаци на хакерски напад: Владините веб-страници заштитени од безбедносните пропусти во PHP

12

Веб-страниците на Владата и министерствата биле навреме заштитени со превентивни и технички мерки по откривањето критични безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, соопшти Министерството за дигитална трансформација (МДТ).

Од Министерството информираат дека, како дел од превентивните активности, привремено бил блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на безбедносните пропусти.

Потоа биле проверени софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања, како и функционалноста и безбедноста на веб-сервисите.

Преземените мерки имале цел да го намалат ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите.

Според досегашните проверки, не се утврдени индикации дека ранливостите биле успешно искористени или дека биле компромитирани веб-страниците на Владата и министерствата, наведуваат од МДТ.

Министерството, преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти МКД-ГОВ-ЦСИРТ, продолжува со засилено следење на сајбер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на можните индикатори за компромитирање.

Од МДТ посочуваат дека заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приоритет, а со навремено откривање и отстранување на ранливостите и примена на безбедносни ажурирања се работи на обезбедување сигурно и стабилно функционирање на електронските услуги за граѓаните и компаниите.

ИЗДВОЕНИ