Повеќе експлозии ги потресоа градовите Сринагар и Џаму во Кашмир, само неколку часа откако Индија и Пакистан се согласија за прекин на огнот, пренесе Бета.
Жителите потврдија дека струјата е исклучена во тие градови.
„Што по ѓаволите се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар!!!“, напиша Омар Абдула, највисокиот функционер во Кашмир, на социјалните медиуми.
Подоцна, исто така на X, изјави дека немало прекин на огнот.
This is no ceasefire. The air defence units in the middle of Srinagar just opened up. pic.twitter.com/HjRh2V3iNW
— Omar Abdullah (@OmarAbdullah) May 10, 2025
Гранатирање и пукање беа пријавени и на најмалку пет места по линијата на контрола – границата помеѓу индискиот и пакистанскиот дел од Кашмир.
Немаше извештаи за жртви.