понеделник, септември 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Неделна акција за почист и уреден град

Неделна акција за почист и уреден град

1

Општина Кочани и КЈП „Водовод“ и овој викенд продолжија со активностите за расчистување и уредување на повеќе локации низ градот. Овој пат се работеше во населбата Сиви Дом, каде се отстранети поголеми количества кабаст отпад – кофи, душеци, пружини и други предмети несоодветно оставени на јавна површина.

-Екипите во кои имаше вработени во Општината и Комуналното претпријатие работеа и на повеќе други локации – кај комплексот АСНОМ, Градскиот пазар и во близина на средното училиште „Гошо Викентиев“, каде што е реализирано  чистење и расчистување на јавните површини – информираат од Општината.

Оттаму апелираат до граѓаните отпадот да го одлагаат совесно и на места предвидени за таа намена.

-Да ги чуваме јавните површини чисти и уредни – за Кочани какво што сите сакаме да го гледаме – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ