Во изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 42 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, пет се ставени под контрола, а 32 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според податоците заклучно со 7:30 часот, активни се пожарите кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, при што огнот е активен и на територијата на Косово, потоа во месноста Рамно кај селото Брест во Општина Чучер-Сандево, на потегот меѓу селата Буринец, Локов и Селце во Струшко, кај селото Белица во Општина Македонски Брод и кај селото Милетино во Општина Брвеница.
Под контрола се пожарите кај селата Кнежино и Добреноец, како и кај селото Тајмиште во Општина Кичево, пожарот кај селото Копаница во Општина Сарај, пожарот на градската депонија во Делчево и пожарот меѓу селата Руѓинце и Орах во Општина Старо Нагоричане.
Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 32 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Петровец, Гази Баба, Студеничани, Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Сарај, Теарце, Кратово, Куманово, Липково, Берово, Штип, Струга, Кичево, Долнени, Битола, Новаци, Гевгелија, Ново Село, Струмица, Крушево, Охрид и Градско.












