сабота, јули 11, 2026
Дома СКОПСКА Неделава засилени активности во Општина Центар

Неделава засилени активности во Општина Центар

90

Во текот на изминатата недела, тимовите на ЈП „Лајка“ реализирале теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации во градот, согласно со теренските процени и пријавите од граѓани.

Од претпријатието велат дека продолжуваат со засилените активности и оваа недела, при што стратешки ќе постапуваат на територијата на Општина Центар.

Притоа, ги повикуваат граѓаните да продолжат активно да пријавуваат нетретирани кучиња без ушна маркичка и да соработуваат со нивните тимови, со цел поефикасно теренско постапување и контрола на популацијата на бездомни кучиња.

 

ИЗДВОЕНИ