понеделник, август 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Не попуштаат сонцето и жештините, а заладувањето останува само „во најава“: Еве...

Не попуштаат сонцето и жештините, а заладувањето останува само „во најава“: Еве што нè очекува до крајот на неделата

25

До крајот на работната седмица Македонија ја очекува претежно сончево и топло време, но дневната стабилност ќе биде нарушена со појава на умерена облачност и локална нестабилност.

Во претпладневните часови времето ќе биде сончево и топло, додека во текот на попладнето и вечерта на места се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метеоролозите предупредуваат дека локално атмосферските процеси можат да прераснат и во невреме, со засилен до силен ветер и појава на град, па се препорачува зголемено внимание во попладневните и вечерните часови.

УХМР

 Какво време ќе има во Скопје?

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Во вечерните часови, особено во одделни делови од Скопската Котлина, постои услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР

ИЗДВОЕНИ