На познатата американска музичка ѕвезда Џенифер Лопез ѝ се случи непријатна ситуација при пазарење во Истанбул. Додека ги посетувала продавниците во трговскиот центар „Истиње парк“ во желба да се поднови со некакво ново парче облека или моден додаток, се обидела да влезе во бутик на „Шанел“. Сепак, на врата ѝ беше забрането од обезбедувањето да влезе?!
Таа, сепак, реагирала како што многу други ѕвезди не би реагирале, мирно и достоинствено се повлекла.
Кога обезбедувањето ѝ кажало дека не може да влезе, Лопез не изгледала вознемирена и само рекла: „Добро, нема проблем“ и си заминала.
Вработените во бутикот потоа ѝ се приближиле, ѝ се извиниле и ја поканиле да се врати, но таа одбила и продолжила да пазари во другите продавници.
Американските новинари го контактирале менаџерот на пејачката за оваа вест барајќи објаснување, но не добиле одговор. Сè уште не е познато зошто не ѝ било дозволено да влезе, но се претпоставува дека обезбедувањето не ја препознало. Наместо во „Шанел“, таа пазарувала во други луксузни бутици како што се „Селин“ и „Бејмен“ каде што поминала речиси три часа и потрошила десетици илјади долари , со што се „одмаздила“ на најдобар можен начин, со стил.
Инаку, на 5 август Џенифер Лопез одржа концерт во Истанбул како дел од нејзината турнеја „Up All Night“ која завршува на 10 август, кога ќе настапи во Алмати, Казахстан.
Таа својот 56. роденден го прослави исто така во Турција, поточно во Анталија, кон крајот на минатиот месец, а дел од атмосферата ја објави на социјалните мрежи.
На прославата, таа, меѓу другото, танцуваше на својата нова песна „Роденден“ (Birthday).