петок, октомври 16, 2026
Дома БАЛКАН Насилни демонстрации во неколку албански градови: „ Рама треба да поднесе оставка...

Насилни демонстрации во неколку албански градови: „ Рама треба да поднесе оставка пред сè да изгори“, порачаа студентите

0
Фото: EPA/MALTON DIBRA

Илјадници млади Албанци денеска маршираа низ Тирана, кршејќи прозорци и семафори, што го означува четвртиот ден од студентските протести кои стануваат сè понасилни. Целта на демонстрациите е да го принудат премиерот Еди Рама да поднесе оставка.

Протестите, кои се шират низ целата земја, во четвртокот во Тирана прераснаа во немири, при што демонстрантите кршеа излози, упаднаа во банка и се судрија со полицијата. Ова се случува по неколкумесечни, главно мирни протести, кои владата одлучи да ги игнорира, пренесува „Ројтерс“.

„Нè доведоа до крајни граници“, изјави Енеа, 19-годишен демонстрант кој не го кажа своето презиме од страв да не биде уапсен.

Неговата порака до Рама гласи: „Треба да поднесе оставка пред сè да изгори“.

Студентите ги обвинуваат функционерите за корупција и за запоставување на образованието. Тие се исто така револтирани поради продажбата на недопрени делови од албанскиот брег за изградба на луксузно одморалиште – проект зад кој стои Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Немирите претставуваат предизвик за Рама, кој минатата година освои четврти мандат, ветувајќи дека ќе ја внесе Албанија во Европската унија најдоцна до 2028 година.

„Нема да попуштиме пред насилството“, изјави денеска Рама.

Студентите, од кои многумина носеа маски, денеска се соочија со полициските единици за разбивање демонстрации пред зградата на Министерството за образование, додека сопствениците на некои мали продавници ги спуштија ролетните, истакнувајќи пораки: „Ние сме со вас; ве молиме, не ни ги уништувајте бизнисите“.

Во крајбрежниот град Љеж, полицијата се судри со демонстранти кои фрлаа камења, а протестите се проширија и во Елбасан, Скадар и Корча, каде што демонстрантите кршеа прозорци и палеа канти за отпадоци.

ИЗДВОЕНИ