петок, октомври 16, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Ѓоковиќ доби „вајлд-кард“ за турнирот во Базел

Ѓоковиќ доби „вајлд-кард“ за турнирот во Базел

0
Фото: EPA/ANDRES MARTINEZ CASARES

Новак Ѓоковиќ доби „вајлд-кард“ (посебна покана) за АТП 500 турнирот во Базел, кој започнува на 26 октомври, што му дава можност да дојде до својата 103-та титула во кариерата.

Ѓоковиќ, освојувач на 24 гренд слем трофеи, последен пат настапи на турнирот во Базел во 2009 година.

Организаторите го најавија неговото враќање со пораката: „17 години подоцна“.

Српскиот тенисер овој месец победи на турнирот во Пекинг; потребна му е уште една титула за да го израмни рекордот на Роџер Федерер според бројот на освоени титули на АТП-турнејата. Рекордер во „Опен ерата“ е Американецот Џими Конорс, со 109 трофеи.

Доделувањето на „вајлд-кард“ за Базел доаѓа откако егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“ во Саудиска Арабија беше презакажан за крајот на декември, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ