понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ „Народот се крева – не ги дава своите деца туку-така“: Некогаш најблиската...

„Народот се крева – не ги дава своите деца туку-така“: Некогаш најблиската соработничка на Зеленски открива што се подготвува

0
EPA/OLEG MOVCHANIUK

Евентуалното намалување на старосната граница за мобилизација во Украина би можело да предизвика уште поголемо незадоволство кај населението и да доведе до постепен развој на граѓански конфликт, изјави поранешната портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендељ.

Таа изјави дека Украинците „нема туку така да ги праќаат своите деца во војна“ и предупреди дека демотивацијата и песимизмот во украинското општество го достигнале својот врв, пренесува РИА Новости.

Нејзината изјава дојде откако се појавија тврдења дека украинското општество се подготвува за евентуално намалување на старосната граница за мобилизација на 18 години.

Во меѓувреме, прашањето за мобилизацијата веќе предизвикува бројни скандали во Украина, додека на интернет се појавија снимки од судири меѓу граѓани и членови на територијални центри за регрутирање.

ИЗДВОЕНИ