понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ Дипломатски земјотрес! Русија го повлече амбасадорот од Британија, со порака: Вие сте...

Дипломатски земјотрес! Русија го повлече амбасадорот од Британија, со порака: Вие сте виновни за историскиот колапс на односите

98

Руската амбасада во Лондон вчера го потврди крајот на дипломатската мисија на нејзиниот амбасадор во Велика Британија, обвинувајќи ја „исклучиво британската влада“ за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво.

„Сандеј тајмс“ денес објави дека Русија го отповикала својот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, на 21 јули.

Според весникот, руската дипломатска мисија оттогаш ја предводи вршител на должноста, а нов амбасадор сè уште не е назначен.

Неименуван портпарол на амбасадата, цитиран во статијата, ја обвини Велика Британија дека избрала „пат на конфронтација“ со Русија поради поддршката на Велика Британија за Украина.

Одговарајќи на статијата преку својот Телеграм канал, руската амбасада во Велика Британија го потврди „крајот на дипломатската мисија на амбасадорот Келин“.

Амбасадата додаде дека билатералните односи „се влошиле на историски најниско ниво, целосно на иницијатива на Лондон и во сите области“, пренесува агенцијата Бета.

ИЗДВОЕНИ