Необичен и добро испланиран грабеж се случил во една белградска населба, кога засега непознат крадец провалил во приватна куќа и зел сеф со огромна количина пари и вредни предмети, дознава „Телеграф.рс“.
Сопственикот на куќата бил шокиран на 21 август кога се вратил на имотот и ја нашол вратата провалена. Веднаш ја повикал полицијата и пријавил дека сефот, во кој содржел околу 400.000 евра во готово, како и голема количина златен накит, исчезнал од неговиот дом.
Сè укажува дека грабежот бил прецизно испланиран и дека крадецот имал точна информација. Крадецот точно знаел дека сопственикот на куќата не бил во домот претходните денови, што му дало доволно време да провали во зградата незабележано, да го пронајде добро скриениот сеф и да го изнесе од куќата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на местото на настанот, спровеле детална истрага и форензички го обработиле местото. Сите отпечатоци од прсти и биолошки траги што би можеле да доведат до идентификација на осомничениот биле отстранети од местото на настанот.
Истрагата е во тек, а полицијата проверува и снимки од безбедносните камери од околните улици со цел да го пронајде дрскиот крадец.












