среда, јули 22, 2026
Дома СВЕТ Нападнат островот Харг, најчувствителната цел во Иран

Нападнат островот Харг, најчувствителната цел во Иран

129

Иранската агенција „Мехр“ објави во вторникот дека бил погоден важниот остров Харг, во неколку напади. Ова е една од најчувствителните цели во Иран, бидејќи Харг е главен центар за извоз на нафта во Иран.

Важноста на овој остров за Иран е голема. Според „Британика“, речиси целиот извоз на нафта на Иран поминува низ него, додека аналитичарите на пазарот на „Аргус“ наведуваат дека во периодот 2023-2025 година, околу 92 проценти од извозот на сурова нафта на Иран биле испратени од Харг. Островот е, исто така, клучен, бидејќи длабокото море околу него овозможува пристанување на големи танкери, што поголемиот дел од иранскиот брег го нема.

Експертите предупредуваат дека посериозната штета на островот би влијаела на главниот канал преку кој влегува во земјата голем дел од девизниот приход од нафта. Токму затоа најновите напади значат ново ниво на притисок врз Техеран, но и дополнителен ризик за глобалниот пазар на нафта, наведува „Индекс“.

Претходната реторика на Доналд Трамп ѝ дава дополнителна тежина на целата приказна. Трамп јавно зборуваше за желбата да ја „земе нафтата на Иран“, конкретно споменувајќи го Харг како клучна цел, иако претходно нагласи дека засега ја остава нафтената инфраструктура на Иран настрана.

ИЗДВОЕНИ