петок, октомври 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Намалено индустриското производство во ЕУ и во еврозоната

Намалено индустриското производство во ЕУ и во еврозоната

0

Индустриското производство во еврозоната во август 2026 година било намалено за 0,5 проценти во однос на јули, додека во целата Европска Унија бил забележан пад од 0,3 проценти, покажуваат првичните процени на „Евростат“.

Пад на индустриското производство бил забележан и во јули – во еврозаната за 0,3 проценти, а во ЕУ за 0,4 отсто.

На годишно ниво, индустриското производство во август годинава било намалено за 1,1 процент во еврозоната и за 0,2 проценти во ЕУ.

Најголеми годишни намалувања на индустриското производство се забележани во Ирска од 15 проценти, во Белгија од 7,1 процент и во Бугарија од 5,4 проценти. Најголем раст е регистриран во Холандија од 9,8 проценти, во Унгарија од 8,8 проценти и во Данска од 8,3 проценти.

 

ИЗДВОЕНИ