петок, октомври 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трошоците за земјоделско производство растат побрзо од цените

Трошоците за земјоделско производство растат побрзо од цените

0

Трошоците за земјоделско производство во септември 2026 година пораснале за 8,8 проценти на годишно ниво, додека цените на земјоделските производи се зголемиле за 2,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголем раст кај тековните трошоци е забележан кај енергијата, горивата и кај мазивата, кои поскапеле за 21,7 проценти. Има зголемување и кај ветеринарните услуги од 9,3 проценти, минералните ѓубрива од 4,2 проценти и кај семињата од 3,3 проценти.

Цените на средствата за инвестиции во земјоделството пораснале за 8,6 проценти, при што транспортната опрема поскапела за 19,6 проценти, а машините и опремата за 12,7 проценти.

Кај земјоделските производи, цените на растителното производство се зголемиле за 3,9 проценти, додека кај добиточното производство е регистриран пад од 2,1 процент. Најголем раст има кај индустриските растенија, за 18,9 проценти, зеленчукот за 8,2 проценти и кај компирот за 6,5 проценти.

Од друга страна, цените на житата и на оризот се намалиле за 2,2 проценти, на овошјето и гна розјето за 1,8 проценти, а на добиточните растенија за 3,5 проценти. Кај добитокот за колење, цените пораснале за 7,4 проценти, додека производите од животинско потекло поевтиниле за 7,6 проценти.

ИЗДВОЕНИ