
Во огромен пожар во бар во Бангкок доцна ноќеска загинаа најмалку 27 лица, а 60 се повредени од кои 22 се во критична спстпјба. Меѓу загинатите се и три члена на популатнрниот бенд „Тотсакан“, додека еден се води како исчезнат.
Пожарот почнал во близина на сцената на популарниот бар „Ронг Бир На Лат Прао“ во населбата Чатучак, а потоа брзо се проширил. Снимките објавени на интернет покажуваат гости кои врескаат додека панично бегаат – некои со облека во пламен – низ влезната врата на барот обвиткана со пламен. Пожарникарите, кои пристигнале на местото на настанот веднаш по полноќ, брзо го изгаснале пожарот. Тие ги пронашле телата на повеќето жртви во тоалетите, каде што очигледно побарале засолниште. Првичните наоди сугерираат дека повеќето жртви починале од вдишување чад, изјави Суријачаи Равиван, директор на одделот за ублажување на катастрофи во Бангкок.
Прелиминарните истраги сугерираат дека пожарот можеби бил предизвикан од електричен краток спој во клима уредот, иако не е наведена официјална причина, наведува Би-би-си. Гувернерот на Бангкок, Чачарт Ситипунт, вели дека запаливите внатрешни декорации на таванот на барот можеби го олесниле брзото ширење на пожарот. Исто така, постојат извештаи за луѓе пронајдени во несвест во близина на излезот за итни случаи на зградата, што укажува дека можеби имало некаква пречка, додаде гувернерот.
Утринава барот беше ограден, со скршени прозорци и мебел натрупан пред неговиот влез. Се појавија конфронтирачки слики од многу вреќи со тела наредени пред барот. Властите објавија дека на семејствата на починатите жртви ќе им бидат дадени по 29.300 тајландски бати (880 долари), додека на оние кои се лекуваат во болница ќе добијат 4.000 бати (120 долари).
И покрај официјалните ветувања за подобрување на стандардите за противпожарна и електрична безбедност по претходните инциденти, тие сè уште често слабо се спроведуваат. Ова не е прв пат Тајланд да доживее таква трагедија. Во 2022 година, избувна пожар во бар во град јужно од Бангкок, при што загинаа 22 лица. На 1 јануари 2009 година, 66 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во главниот град, во кој беа повредени и повеќе од 200 додека ја дочекуваа Новата година. Во 2024 година, од пожар предизвикан од краток спој на пазарот Чатучак настрадаа 1.000 животни.











