Нафтата сега е поевтина од кога било во последните две недели. Откако Пакистан објави дека наскоро очекува договор меѓу САД и Иран, цената на барел референтна нафта падна за 4%, на нешто над 96 долари. Не била на тоа ниво од 21 април.
Се што е под 100 долари во моментов се смета за добра вест, што покажува колку светот се навикнал на ценовните шокови предизвикани од војната со Иран, пишува Скај њуз. Пред почетокот на конфликтот, нафтата чинеше околу 72 долари за барел, но од почетокот на март цените останаа високи.
Зголемувањето на цените и прекините во снабдувањето се резултат на практичната блокада на Ормускиот теснец под иранска контрола. Околу една петтина од светската трговија со нафта и течен природен гас поминува низ овој воден пат.












