Една девојка загина, а 16 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Котор – Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора.
Несреќата се случила кога минибус со српски туристи излетал од патот и се превртил. Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека возачот поради замор и поспаност, изгубил контрола над возилото.
Од црногорската полиција информираат дека со минибусот управувал 68-годишен возач од Котор. Возилото најпрво удрило во карпа покрај патот, по што се превртело. Во несреќата, животот го загуби 21-годишна девојка, а повредените се пренесени во болницата во Рисан, каде што биле згрижени повеќе пациенти. Меѓу повредените има и шест деца.
Од болницата информираат дека дел од повредените се на интензивно лекување, но во моментов нема други пациенти во животна опасност.
Несреќата се случила додека групата српски државјани се враќала од поклоничко патување во манастирот Острог.












