сабота, август 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Запален автомобилот на судијата обвинет за заѕиданите 350 илјади евра

Запален автомобилот на судијата обвинет за заѕиданите 350 илјади евра

205

Патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки, неофицијално во сопственост на обвинетиот судија Ѓоко Ристов, целосно изгоре во скопската населба Тафталиџе. Во пожарот, оштетени се уште две возила и деловен објект. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од огнената стихија, а најголема штета е причинета во предниот дел и моторниот простор.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен понеделникот околу 02:50 часот во СВР Скопје.

„На 13.7.2026, околу 02:50 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ. Р.“, соопшти МВР. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д. М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С. С., како и деловен објект сопственост на Г. Л.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Од полицијата велат дека е направен увид на местото на настанот, по што треба да бидат познати причините за избувнувањето на пожарот.

 

ИЗДВОЕНИ