Во рамки на „Скопско лето“, вечерва, со почеток од 20 часот и 30 минити во Музеј на град Скопје ќе се одржи концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ насловен „Пеам – значи живеам“.
На нивниот репертоар се сместени обработки од најголемите хитови кои го одбележаа минатиот век, како и хорски обработки на многу актуелни македонски хитови. Диригентка е Сузана Турунџиева, а билетите се достапни на karti.com.mk.











