сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Америка издаде итно предупредување до своите граѓани да ги откажат патувањата на...

Америка издаде итно предупредување до своите граѓани да ги откажат патувањата на Блискиот Исток

87

Во услови на интензивен конфликт со Иран, Соединетите Американски Држави (САД) издадоа официјално предупредување и им советуваа на своите граѓани сериозно да размислат за сите патувања на Блискиот Исток.

Посебен апел беше упатен до граѓаните целосно да го избегнуваат северен Израел, Појасот Газа, како и граничната зона со Египет.

Амбасадата на САД во Ерусалим нагласува дека ситуацијата во целиот регион е исклучително непредвидлива.

„Поради високите тензии на Блискиот Исток, безбедносната средина останува комплексна со потенцијал за непредвидена ескалација. Ги потсетуваме Американците во регионот на континуираната потреба од будност и ги охрабруваме да ги следат вестите за најновите случувања“, се вели во соопштението на САД.

Американските власти обрнаа посебно внимание на колапсот и промените во воздушниот сообраќај, кој е директно засегнат од моменталната криза.

На Американците кои веќе патуваат до или низ регионот им се советува веднаш да го проверат статусот на нивниот лет кај своите авиокомпании, бидејќи ненадејните промени во распоредот на летовите се вообичаени.

Појасот Газа и северен Израел се области за кои се вели дека се целосно избегнувани поради директна воена акција.

Движењето е забрането по целата египетска гранична линија, со еден исклучок на официјалниот граничен премин Таба.

На граѓаните им се препорачува да бидат максимално внимателни и да го преиспитаат својот престој на Западниот Брег и остатокот од Израел.

Ова заострување на безбедносните мерки доаѓа во време кога меѓународната заедница со страв го следи потенцијалното ширење на конфликтот во регионот.

ИЗДВОЕНИ