Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, минатата недела предупреди дека „сите британски воени објекти и опрема во Украина и пошироко“ би можеле да бидат нападнати како одмазда за украинските напади врз Русија со британско оружје.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се подбиваше додека ја обновуваше својата закана за напад врз Велика Британија – порачувајќи дека прашањето дали руските сили ќе нападнат британски фабрики е руска „воена тајна“.
Во интервју за рускиот државен медиум RT, шефот на Кремљ издаде злокобно предупредување откако Велика Британија се согласи да ѝ обезбеди на Украина доверливи нацрти за ракети минатата недела. На прашањето дали британските воено-индустриски објекти лоцирани на британска територија би можеле да станат воени цели, Путин се подбиваше: „Тоа е тајна, воена тајна“ и јасно стави до знаење дека сите „британски воени објекти“ во Украина се „апсолутно“ руска цел.
⚡️ Journalist: Could UK military – industrial sites become Russian targets?
Putin: That’s a secret. A military secret. pic.twitter.com/kSeSxtnWNS
— Diana Panchenko 🇺🇦 (@Panchenko_X) September 1, 2026
Путин зборуваше на прес-конференција во Бишкек, главниот град на Киргистан, откако присуствуваше на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), пренесе Дејли меил. Неговата порака дојде по сè поотворените закани од Москва дека руските сили ќе нападнат британски воени и одбранбени компании поради поддршката на Велика Британија за Украина.












