Еден од најпопуларните јапонски спортисти, Ран Такахаши, се најде во центарот на голем медиумски скандал. Порталот „Буншун онлајн“ објави текст во кој јапонскиот одбојкар е обвинет за неверство и тајни средби со друга жена.

Според наводите, Такахаши од минатата година бил во врска со 26-годишната инфлуенсерка Ука, која има повеќе од 150.000 следбеници на „Инстаграм“. Сепак, истиот портал тврди дека паралелно со оваа врска, одбојкарот имал средби со актерката Ајака Кавакита.

Во извештајот се наведува дека двајцата биле забележани по натпреварот против Бугарија, по што наводно поминале ноќ во луксузен хотел. Се споменува и уште една средба во Шинагава, за која „ Буншун онлајн“ тврди дека Такахаши отпатувал од Осака само за да се сретне со Кавакита.

Самиот одбојкар остро ги негираше обвинувањата. Такахаши тврди дека и Ука и Кавакита се само негови пријатели и професионални познајници, а не романтични партнери.

И покрај неговото објаснување, случајот предизвика големо внимание во Јапонија, а на социјалните мрежи следуваа бројни реакции од разочарани фанови.

Такахаши е една од најголемите ѕвезди на јапонската одбојка и светската публика го запозна уште на Олимписките игри во Токио, кога имаше само 19 години.

Денес настапува за Сантори Санбердс од Осака и има повеќе од 2,7 милиони следбеници на „Инстаграм“. Поради огромната популарност, тој е едно од најпрепознатливите лица на јапонската одбојка и соработува со бројни трговски имиња.

Засега нема информации дека случајот ќе има спортски последици, но останува да се види дали медиумскиот скандал ќе влијае врз неговите спонзорски договори и јавниот имиџ.

ИЗДВОЕНИ