– Поради високото ниво на обврски од 736.948 илјади денари, односно 11.982.894 евра, и намалената ликвидност, претпријатието се соочува со доцнење во плаќањето кон набавувачите, што резултира со камати, казни и со ризик од блокада на сметките, кои ги продлабочуваат загубите и ги ограничуваат инвестициите во возниот парк, опремата и во инфраструктурата, што долгорочно ја намалува ефикасноста и ја зголемува зависноста од кредити и од субвенции, од една страна, и од ризик за квалитетот, навременоста и континуитетот на давањето на услугите – се наведува во ревизорскиот извештај.

Исто така, утврдено е дека возниот парк на претпријатието е нефункционален, односно дека околу 60 % од возилата се надвор од употреба. Притоа, се наведува дека од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага претпријатието, само 76 се во возна состојба, додека 80 се неисправни, а 33 се хаварисани или 113 возила се нефункционални, со просечна старост од 15 години и намалена способност за генерирање економска корист

 

Државниот завод за ревизија утврди низа сериозни финансиски, технички и организациски неправилности и неусогласеност во работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Па поради нивното значење, изразено е неповолно мислење за реалноста и за објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Според ревизорскиот извештај, претпријатието се соочува со голем износ на побарувања чија наплата е неизвесна, нерационално управување со резервите, намалена ликвидност, но и со сериозни проблеми со возниот парк.

– Со извршената анализа на податоците искажани во трговските книги и во финансиските извештаи, ревизијата констатира дека: јавното претпријатие евидентира неповолен однос меѓу приходите и расходите, негативна профитабилност (загуба), намалена ликвидност, како и влошена деловна ефикасност изразена преку продолжен период на наплата на побарувањата (140 дена) и зголемен период на плаќање на обврските (108 дена). Поради високото ниво на обврски од 736.948 илјади денари, односно 11.982.894 евра, и намалената ликвидност, претпријатието се соочува со доцнење во плаќањето кон набавувачите, што резултира со камати, казни и со ризик од блокада на сметките, кои ги продлабочуваат загубите и ги ограничуваат инвестициите во возниот парк, опремата и во инфраструктурата, што долгорочно ја намалува ефикасноста и ја зголемува зависноста од кредити и од субвенции, од една страна, и од ризик за квалитетот, навременоста и континуитетот на давањето на услугите – се наведува во ревизорскиот извештај.

Исто така, утврдено е дека возниот парк на претпријатието е нефункционален, односно оти околу 60 % од возилата се надвор од употреба. Притоа, се наведува дека од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага претпријатието, само 76 се во возна состојба, додека 80 се неисправни, а 33 се хаварисани или 113 возила се нефункционални, со просечна старост од 15 години и со намалена способност за генерирање економска корист.

Ревизорите препорачуваат дека се потребни активности насочени кон отстранување на ризиците и на проблемите, кои подолг период се присутни во работењето на претпријатието, изготвување и спроведување стратегија за обнова и модернизација на возниот парк, приспособена на обемот на активностите и 24/7 режим на работа, како и воспоставување систем за континуирано следење на техничката исправност и на економската оправданост на одржувањето.

– Со тоа ќе се обезбеди поефикасно користење на ресурсите и одржување на континуитет и квалитет во извршувањето на јавната услуга – е потенцирано во ревизорскиот извештај.

Ревизорите утврдиле слабости во евидентирањето на недвижностите и на инфраструктурните објекти.

– Не е обезбедено правото на сопственост и не е евидентирана опрема (полуприколки) регистрирана во сопственост на јавното претпријатие, со вредност од 29.048 илјади денари, односно 472.325 евра. Евидентираната главнина во трговските книги во износ од 223.146 илјади денари е пренесена состојба по делбен биланс од 1992 година, при раздвојувањето на ЈП „Комуналец“ – Скопје, кога е формирано ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, но отсуствува соодветна документација и истата не е запишана во Централниот регистар – се наведува во ревизорскиот извештај.

Воедно, ревизијата утврдила неправилности во начинот на пресметка на платата на директорот и кај прекувремената работа на административните службеници.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ