Нешто пред пладне во Кочани изби голем пожар. Неофицијално започнал од палење кабли, па поради силниот ветар се префрлил на дива депонија, a потоа се раширил и на сува трева.
Како што информираа од Фејсбук групата „Се молиме за Македонија“, за сериозност на ситуацијата говори и фактот што огнот префрлил земјен пат и дошол до дворовите на првите куќи.
– А уште посериозно е тоа што огнот бил на само неколку метри од дворот на ТППЕ Кочани и ДПД Кочани. Но благодарение само на тоа што пожарот бил во непосредна близина на противпожарните сили и е реагирано брзо , со голем број возила и луѓе, не дошло до поголема трагедија – стои во објавата.












