сабота, август 29, 2026
Дома СКОПСКА Над 100.000 жители ќе добијат модерен булевар

Над 100.000 жители ќе добијат модерен булевар

245

Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што според скопскиот  градоначалник, Орце Ѓорѓиевски со децении бил симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

Тој објави дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

-Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје – нагласи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ