Поранешниот претседател на Претседателството на СФРЈ и министер за надворешни работи, Раиф Диздаревиќ, почина на 100-годишна возраст, објави историчарот Хуснија Камберовиќ на својот профил на „Фејсбук“.
Диздаревиќ е роден на 9 декември 1926 година во Фојница. Се приклучил на Народноослободителната борба во 1943 година, а станал член на Комунистичката партија на Југославија во 1945 година. По војната, почнал кариера во безбедносните служби, а во 1951 година, се приклучил на дипломатската служба на ФНР на Југославија. Работел во амбасадите во Бугарија, во СССР и во Чехословачка. Тој бил претседател на Претседателството на СР Босна и Херцеговина, а подоцна и претседател на Собранието на СФРЈ. Претседател на Претседателството на СФРЈ бил од 15 мај 1988 до 15 мај 1989 година.
По пензионирањето од активната политика, Диздаревиќ живееше во Сараево. Тој е автор на повеќе дела, меѓу кои на мемоарите „Од смртта на Тито до смртта на Југославија“ и „Време за паметење“.












