Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен откако го пријавила неговата сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом, а потоа ја однел во шумски предел, каде што ја врзал за дрво и повторно ја нападнал.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 септември во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ. Ф. Д. (27) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 21-годишна сопруга. Таа пријавила дека најпрво физички ја нападнал во нивниот семеен дом, по што ја однел во шумски предел во Скопско. Според пријавата, таму 27-годишникот ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.












