Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, ги дозна противниците во групната фаза на ФИБА Европа Купот по денешната ждрепка одржана во Минхен.

Новиот формат на натпреварувањето предвидува осум групи со по шест екипи, а сезоната стартува на 6/7 октомври.

Популарните „штркови“ ќе настапуваат во групата Е, каде што за ривали ги добија Петролина АЕК (Кипар), Вурцбург (Германија), Тарту (Естонија), Ираклис (Грција) и Џики Варшава (Полска).

МЗТ Скопје го очекува сериозен предизвик во конкуренција на искусни европски клубови, а борбата за пласман во следната фаза ќе започне на почетокот на октомври.

ИЗДВОЕНИ