сабота, јули 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица во скопско Драчево

Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица во скопско Драчево

70

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал.

Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ