сабота, јули 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Јавниот превоз со 5 отсто помалку патници од лани

Јавниот превоз со 5 отсто помалку патници од лани

21

Во првиот квартал годинава, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за  4.7 проценти, во приградскиот превоз за 8.8 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9.2 проценти и во меѓународниот превоз за 1.3 проценти.

Вкупниот број на патничките километри во првото тримесечје е 248.568.000 и е зголемен за 0.3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е намален за 1.8  проценти, во приградскиот за 8 проценти, а во меѓународниот за 0,4 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.7  проценти.

ИЗДВОЕНИ