сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Молдавија би можела да се обедини со Романија ако процесот за нејзино...

Молдавија би можела да се обедини со Романија ако процесот за нејзино пристапување во ЕУ се одложи

110
Фото:википедија

Молдавија би можела да се обедини со Романија ако нејзиниот процес на пристапување кон Европската Унија (ЕУ) се одложи или блокира по 2028 година, објави денес „Некста“, повикувајќи се на изјави на службени лица и правни експерти во Кишињев.

Главната цел на Молдавија останува да потпише договор за пристапување кон ЕУ до крајот на 2028 година, што го потврди и експертот за уставно право Еуген Осмоческу.

Оваа тема повторно стана актуелна откако молдавскиот министер за надворешни работи Михаи Попшои изјави во живо во емисијата „Евросекуритате“, емитувана од Вочеа Басарабиеи, дека ќе „поддржи обединување со Романија и е подготвен да гласа „за“ во случај на референдум за ова прашање“.

Можноста за обединување со Букурешт претходно не ја исклучи молдавската претседателка Маја Санду, која изјави дека тоа би можело да биде начин за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија ако стандардниот пат е блокиран.

ИЗДВОЕНИ