вторник, јули 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Млад возач во беровско седнал зад волан со 4,35 промили алкохол во...

Млад возач во беровско седнал зад волан со 4,35 промили алкохол во крвта – полицијата го уапси

45

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера попладне лишиле од слобода 26-годишен жител на беровското село Митрашинци, откако бил фатен како управува возило под силно дејство на алкохол.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јули околу 15:05 часот, при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево, било запрено патничко возило „Ровер“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (26).

При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал дури 4,35 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ