Легендарниот Михаел Шумахер веќе 13 години се бори по тешката несреќа на скијање. Оттогаш, неговата здравствена состојба останува строго чувана тајна.
Семејството, предводено од неговата сопруга Корина Шумахер, ја чува приватноста далеку од јавноста. Шумахер живее повлечено, најчесто во семејниот дом во Швајцарија. Според одредени информации, дел од времето го минува и во вила на Мајорка. Пристап до него имаат само најблиските и медицинскиот тим.
Меѓу ретките посетители се Жан Тод, Рос Браун и Герхард Бергер. Сите тие строго ја почитуваат неговата приватност и не откриваат детали.
Тод, неодамна во еден подкаст зборуваше за нивното пријателство и карактерот на Шумахер. Тој истакна дека легендарниот возач бил многу поскромен отколку што јавноста мислела. Иако делувал самоуверено, всушност бил срамежлив и со големо срце. Нивната соработка во Ферари прераснала во силно пријателство. Заедно освоија пет шампионски титули и испишаа историја во Формула 1.
Тод откри и анегдота по една титула, кога Шумахер сакал да провери дали сè уште е на врвот.
- Дај ми половина ден да видам дали сум сè уште добар, ја раскажа анегдотата Жан Тод во еден подкаст.
Ова само ја покажува неговата посветеност и шампионски менталитет. И покрај годините тишина, интересот за неговата состојба не стивнува.
Шумахер останува една од најголемите и најмистериозни фигури во спортот.











