четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Македонски ракометар кој играше во Шпанија го засили ГРК Охрид

Македонски ракометар кој играше во Шпанија го засили ГРК Охрид

101

Македонскиот ракометар, Мартин Карапалевски, е најновото засилување на ГРК Охрид за следната сезона, откако потпиша договор со клубот со важност најмалку до 2028 година.

Тој настапува на позицијата среден бек, има 26 години и висок е 178 сантиметри, а во новата средина ќе го носи дресот со број 11. Тој во Охрид доаѓа од шпанскиот шампионат, каде во изминатите две сезони настапуваше за тимот на Ваљадолид, додека претходно беше дел и од РК Вардар. Во својата прва изјава како нов играч на охридскиот клуб, Карапалевски не го криеше задоволството од трансферот:

„Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот.“

Охриѓани претходно за следната сезона ги промовираа Унгарецот Доминик Мате и хрватскиот голман, Дино Славиќ.

ИЗДВОЕНИ