сабота, октомври 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Скопското кале ќе прерасне во една од најзначајните туристички атракции во...

Мицкоски: Скопското кале ќе прерасне во една од најзначајните туристички атракции во главниот град

37
Фото:фб

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денекса изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале – на Музејот на Праисторија и Музејот на Османлискиот период.

Скопското Кале во периодот што следува треба да добие нов изглед и подобрена функционалност, со цел да се претвори во една од позначајните туристички атракции во главниот град, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека Владата ќе обезбеди поддршка за реализација на планираните активности.

Целта на Владата е Калето да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува, со поддршка од надлежните институции, и да прерасне во една од значајните туристички атракции во главниот град, истакна Мицкоски.

Премиерот најави дека активностите за уредување треба да започнат оваа година, а доколку сè се одвива според планот, Калето би требало да го добие посакуваниот лик следната година.

Тој оцени дека досегашното уредување, вклучително и хортикултурното средување, не е доволно и дека локалитетот има многу поголем туристички потенцијал.

Мицкоски истакна дека Владата ќе им обезбеди финансиска и логистичка поддршка на надлежните институции за Скопското Кале да стане позначајна туристичка дестинација и да биде дел од програмата на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

ИЗДВОЕНИ