Премиерот Христијан Мицкоски ја поддржува примената на „Безбеден град“ и поддржува проширување на проектот на целата територија на земјата.
„Ја поддржувам примената на Безбеден град и поддржувам да се прошири на теротироијата на цела Македонија. Некои велат дека тоа ќе донесе критика или политички удар кон Владата, и јас велам дека сме подготвени да го издржиме тој политички удар, само да спасиме некој човечки живот. Само во изминатите недела две имавме три жртви во строгиот центар на главниот град. Во разговори со министерот за внатрешни работи, подготвени сме да ги трпиме сите критики, како што слушам од некои поранешни противници СДСМ и ДУИ, кои го критикуваат сето тоа. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен да понесам политичка одговорност, затоа што тие човечки животи се губат поради непочитување на правила. Видовте еден ден колку прекршои се на правени, дел од нив беа поради тоа што управуваат возила кои не се регистрирани, дел од тие затоа што поминуваат на црвено светло. И тоа е катастрофа“, рече Мицкоски.












