вторник, август 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Јас би бил најсреќен ако Американците ги затегнат условите за иселенички...

Мицкоски: Јас би бил најсреќен ако Американците ги затегнат условите за иселенички визи, оваа Влада сака да ги врати иселениците

67

Јас би бил најсреќен ако може САД да ги затегнат условите за иселенички визи за македонските граѓани, истакна вчера македонскиот премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос за затегнатата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за издавање на иселенички визи. Мицкоски потенцира дека оваа Влада сака да ги врати иселениците, а не да овозможи нивно заминување од државата.

-Ако може да ги затегнат условите Aмериканците за иселенички визи за македонските граѓани, јас би бил најсреќен, затоа што политиката на оваа Влада е да ги врати иселениците а не да овозможи… Aко зборуваме за туристички визи, тоа е друго. А инаку, ако можеме да ги затегнеме иселеничките визи, воопшто да не ги даваат, ние би биле најсреќни, изјави Мицкоски.

Изјавата на премиерот Мицкоски доаѓа во момент кога американската имиграциска политика веќе создава неизвесност за македонските граѓани кои сакаат да се преселат во САД и претставува чувствителен момент за оние кои се обидуваат да го регулираат својот престој во „ветената земја“, но и за оние кои од Македонија веќе се во постапка за добивање иселеничка виза и чекаат да го завршат процесот за преселба. За првите, заострувањето на американската имиграциска политика може да значи дополнителни проверки и неизвесност околу нивниот статус, додека за вторите секоја промена во правилата може да влијае врз времето и условите под кои би можеле да заминат.

Од јануари годинава Вашингтон го паузираше издавањето на имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои е и Македонија. Тоа е мерка која ги засега оние кои во моментов се во постапка за трајно преселување во Америка, додека туристичките и другите неимигрантски визи се посебна категорија.

ИЗДВОЕНИ