вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ Мелони испраќа 500 војници да го бранат Милано: Трговците ја тргаат стоката...

Мелони испраќа 500 војници да го бранат Милано: Трговците ја тргаат стоката од излозите!

0
EPA/MATTEO CORNER

Италијанската влада планира да испрати дополнителни 500 војници во Милано по дводневните немири, за време на кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имот. Одлуката ја соопшти заменик-премиерот Матео Салвини, кој изјави дека целта е „да се одбрани Милано“.

Распоредувањето на војниците е дел од пакетот безбедносни мерки за кои владата ќе расправа на денешната седница. Во меѓувреме, продавниците во срцето на италијанскиот финансиски центар почнаа порано да затвораат, а некои трговци ги заковаа излозите со штици, стравувајќи од нов бран на насилство, пренесува „Гардијан“.

„Од зборови кон дела: уште 500 војници за одбрана на Милано“, напиша Салвини на социјалните мрежи. Лидерот на десничарската партија „Лига“ – која е дел од владејачката коалиција – на тој начин го најави доаѓањето на дополнителни безбедносни сили на градските улици.

Луксузните продавници ја тргаат стоката од излозите

На познатата миланска шопинг-улица „Виа Монтенаполеоне“ – каде што се наоѓаат луксузни брендови како „Шанел“, „Тифани“ и „Диор“ – повеќето трговци ја отстранија стоката од излозите како мерка на претпазливост. Полициски службеници патролираа по улицата, додека мал број туристи го набљудуваа тоа.

Луксузните продавници во Милано ги затвораат вратите, се стравува од нови немири

ИЗДВОЕНИ