Претставата „Слатки зборови“ на Градскиот куклен театар од Риека, Хрватска, е добитник на гран-при за најдобра претстава во
целина на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Н. У. Театар за деца и младинци
Скопје.
Стручната жири-комисија, составена од Ориол Фере, претседател, и Един Кметаш и Мики Анчевски, членови, ги утврди добитниците на фестивалските награди на седницата одржана на 17 октомври.
Покрај гран-прито, „Слатки зборови“ ја доби и наградата за најдобра режија, доделена на Матеја Бизјак Петит, како и награда за најдобро актерско остварување за актерите во претставата. Наградата за најдобро актерско остварување ја доби и Гордан Маријановиќ за улогата во „Со балон над Кападокија“, во продукција на Театарот „Бранко Михаљевиќ“ од Осиек, Хрватска.
Претставата „Стара планина“, во изведба на Театарот за деца и младинци од Крагуевац, Србија, е наградена за сценог
рафија, а Лазар Новков ја доби наградата за музика за истата претстава.
Наградата за костимографија припадна на Олга Зјебинска за „Пилотот и малиот принц“, во продукција на Куклениот теа
тар од Острава, Чешка.
Жирито додели и три специјални награди за уметничка обработка на теми од особено општествено значење, и тоа на:
„Дрвјанковци“ — Театар „Пинклец“, Чаковец, Хрватска; „Пилотот и малиот принц“ – Куклен театар од Острава, Чешка;
„Стара планина“ – Театар за деца и младинци, Крагуевац, Србија.
Со одлуките на стручната жири-комисија им се оддава при знание на претставите и на уметниците што се истакнаа со
своите режисерски, актерски, визуелни и музички остварувања, како и со обработката на значајни теми за детската и мла
динската публика.
Детското жири составено од Ведран Маричиќ, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Исидора Петковски, Леонора
Лазаревска, Андреј Лазарев и Калина Ѓорѓиевска, за најдобра претстава ја прогласија претставата „Со балон над Кападокија“ од
Осијек, Хрватска.












