Разговорите меѓу САД и Иран треба да продолжат на 11 јули, по деновите на жалост за врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, кој беше убиен на почетокот на нивната војна.
„Тајмс оф Израел“ објави дека се очекува разговорите да опфатат неколку клучни прашања, вклучително и санкциите врз Техеран, замрзнатите ирански средства и нуклеарните капацитети на Иран.
Двете страни последен пат одржаа индиректни технички разговори во Доха во среда, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги опиша како „многу добри“.
Според Иран, страните се согласиле делумно да ослободат милијарди долари замрзнати ирански средства, иако американските претставници наводно негираа дека е постигнат таков договор.
Разговорите доаѓаат откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање пред две недели, со кој им се даваат 60 дена да постигнат конечен мировен договор, пренесе „Бета“.












