недела, јули 19, 2026
Дома СКОПСКА  Герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање

 Герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање

64

Утре е крајниот рок кога „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола. Токму утре иницијативата „Стоп за Усје“ повикува на герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање, со почеток во 13:00 часот.

Од „Стоп за Усје“ велат дека со оваа А-интегрирана еколошка дозвола, која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе важи во наредните седум години, се одредува под кои услови смее да работи фабриката.

– Со оваа дозвола се одредува: каква технологија и какви филтри мора да користи „Усје“, до кои граници смее да загадува, кои параметри мора да ги мери, колку често и дали јавно мора да ги мери и објавувa резултатите. Ова директно влијае на воздухот што го дишеме. Ајде да покажеме дека следиме. Правиме герила акција пред МЖСПП, да им дадеме до знаење на институциите дека граѓаните се будни, внимателно следат и се свесни за јавната расправа за дозволата – наведуваат од „Стоп за Усје“.

Тие ги повикуваат граѓаните да бидат дел од акцијата.

 

ИЗДВОЕНИ