четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Макрон рече дека е нереално да се отвори Хормускиот Проток со сила,...

Макрон рече дека е нереално да се отвори Хормускиот Проток со сила, на Трамп му порача да биде сериозен

842
Фото: EPA/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека е нереално да се отвори Ормускиот теснец со сила и го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за неговите изјави поврзани со НАТО.

Макрон им рече на новинарите дека отворањето на Хормускиот Проток со сила ќе ги изложи морнариците на земјите на ирански напади и оцени дека обезбедувањето на теснецот може да се спроведе само во координација со Иран откако ќе се воспостави прекин на огнот, објавува британскиот „Гардијан“. Францускиот претседател го критикуваше Доналд Трамп за, како што рече, поткопување на НАТО со секојдневно подигање сомнежи за неговата посветеност на Алијансата.

Американскиот претседател вчера даде потценувачки коментари за НАТО во интервјуа за разни медиуми, нарекувајќи го хартиен тигар и заканувајќи се дека ќе ги повлече САД од алијансата. Тој беше особено критичен кон алијансата за одбивањето да одговори на неговите барања за обезбедување на Хормускиот Проток со сила, што ги налути европските лидери.

Макрон предупреди дека коментарите на Трамп со кои се доведува во прашање посветеноста на Америка кон алијансата ја еродираат самата нејзина суштина и ги повика лидерите да бидат сериозни.

„Верувам дека организациите и сојузите како НАТО се дефинирани според она што не е кажано, а тоа е довербата, а тоа често било случај со воените и стратешките прашања“, рече Макрон за време на државната посета на Јужна Кореја.

„Ако секој ден фрлате сомнеж во вашата посветеност, ја еродирате самата суштина на алијансата“, рече Макрон.

Тој додаде дека треба да биде сериозен.

„Ако човек сака да биде сериозен, тој не оди наоколу велејќи го спротивното од она што го кажал претходниот ден. Мислам дека има премногу зборување“, рече францускиот претседател, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ